19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Придонесите за хонорарците ќе ја намалат нелојалната конкурекција

ССК: Придонесите за хонорарците ќе ја намалат нелојалната конкурекција

sojuz stopanski komori MK1

Законските измени со кои од 1 јануари договорите за дело и авторските договори ќе влезат во системот на задолжително осигурување се позитивни и ќе ја елиминираат нелојалната конкуренција меѓу компаниите, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Заменик­претседателот на ССК, Сеад Кочан денеска на прес­конференција рече дека со законските измени хонораците ќе добијат социјална сигурност и еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време.

„Сите хонорарци кои имаат авторски или договор на дело со една компанија, придонесите ќе треба да им ги плати компанијата која ги ангажирала. Оние кои имаат повеќе договори со повеќе претпријатија, а збирниот износ е над минималната плата ќе треба сами да платат придонеси“, појасни Кочан.

Според ССК, би можело прагот да се помести на просечна плата, наместо на минимална плата.

Со законските измени, оцени Кочан, компаниите ќе се стимулираат да го вработат хонорарниот работник како што е пракса и во државите од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП