18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботната сила најевтина во Бугарија, најскапа во Данска

Работната сила најевтина во Бугарија, најскапа во Данска

different-workers

Цената на работната сила во Бугарија изнесува 3,40 евра по час и е најевтина во ЕУ, каде просекот изнесува 24,20 евра, покажуваат податоците на европската статистичка служба Еуростат.

Според податоците за 2012 година работниците во Романија се платени со 4,10 евра по час, а со 40,10 евра по час се платени работниците во Данска.

Најголем раст на трошоците за работна сила е забележан во Бугарија, Полска и Словачка. Во однос на 2008 година, во текот на 2012 година трошоците за работна сила во Бугарија се зголемени за 33,7 проценти, а во Полска за 22,5 проценти.

Во овој период трошоците за работна сила во ЕУ пораснале за 10,9 проценти или во просек за 2,6 проценти годишно.

Просечното работно време во ЕУ изнесува 1.735 часови годишно. Најмалку се работи во Франција 1.555 часови, а најмногу на Малта 1.961 часови годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП