23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција губи руски туристи и пари поради падот на рубљата

Грција губи руски туристи и пари поради падот на рубљата

turisti grcija

Грција губи руски туристи и пари заради падот на рубљата. На Русите сега им се потребни повеќе пари за да одат на одмор во грчките најпосетувани дестинации, Халкидики, Крит и Родос, објави „Етнос“.

Од 2010 година досега се повеќе туристи Руси ја посетуваат Грција и во 2013 година тој број бил 1,3 милиони луѓе. Тоа е пораст од 54,7 отсто во споредба со 2012 година. Приходите од нив биле 1,3 милијарди евра.

Во првите девет месеци од оваа година бројот на руски туристи е намален за четири отсто.

Грчките тур­оператори веќе стравуваат бидејќи за 50 отсто се намалени резервациите и постои нејасна ситуација што ќе се случи во првите три месеци од идната година.

Тие исто така стравуваат дека ако политичката нестабилност во Грција продолжи туризмот ќе претрпи тежок удар, наведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП