26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Швајцарија 1,9 проценти во 2014 и 2015

Економскиот раст на Швајцарија 1,9 проценти во 2014 и 2015

shvajcarija53v454gr

Швајцарската економија во оваа година ќе оствари раст од 1,9 проценти од БДП, како и во следната година, прогнозира Институтот за пазарни истражувања KOF, со што тој ја зголеми својата прогноза од пред три месеци за 0,2 процентни поени.

За 2016 година овој Институт ја задржа прогнозата од 2,1 проценти од БДП.

Според предвидувањата на експертите, швајцарската економија во наредниот период ќе профитира од поволната ситуација на глобалниот пазар, како и растот на домашната приватна потрошувачка на која поволно ќе влијае и падот на цената на нафтата, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Што се однесува на инфлацијата, KOF за наредната година очекува стапка од 0,1 проценти (0,3 проценти во претходната прогноза) потоа 0,5 проценти во 2016 година (0,6 проценти).

За споредба, швајцарската централна банка очекува дека БДП во наредната година ќе порасне од 1,5 до 2,0 проценти и 2,0 проценти во 2015 година, додека Државниот секретаријат за економија (SECO) предвидува стапка на раст од 1,8 и 2,4 проценти.

Експертите на овој Институт исто така се поголеми оптимисти за наредната година кога станува збор за надворешната трговија, очекувајќи раст на извозот од 5,0 проценти, наместо 4,4 проценти кои беа предвидени во претходната прогноза.

Најлоши перспективи KOF гледа во секторот за градежништво, каде нивото на инвестиции наредната година ќе се намали.

Стапката на невработеност, според мислењето на експертите, после 3,2 проценти во 2014 година, ќе изнесува 3,1 проценти од работоспособното население во 2015 година, и на тоа ниво ќе се задржи и во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП