Нема личност која не сака блескава насмевка, но некој намирници „тајно“ ја менуваат бојата на нашите заби.
За да се намали нивното лошо влијание потребно е да ги препознаеме и умерено да ги консумираме, но и по консумирањето веднаш да ги измиеме забите.
Ова се виновниците кои влијаат на промената на бојата на нашите заби:
Крекери. Кој би помислил дека крекерите се меѓу топ виновниците кои ги бојат забите? Многу крекери се произведени од рафинирани јаглехидрати, кои се претвораат во шеќер и така стануваат извор на храна за бактериите кои ја менуваат бојата на забите.
Балсамико оцет. Обоениот течен зачин полн со киселина, која го додаваме во јадењата и салатите, за жал негативно влијае на белите заби. За да го намалите штетното дејство, обидете се да ја намалите и количината.
Кисели краставички. Ова е лоша вест за обожавателите на киселиот вкус. Токму киселината од краставичките може да ја наруши глеѓта и да предизвика промена на бојата на забите.
Кафе и чај. Љубителите на кафе и чај може да завршат со жолти заби, а тоа особено важи ако претераат со уживањето во овие намирници.
Доматен сос. Доматот со својата киселина, но и интензивната боја може да предизвика потемнување на забите но и ерозија на забите.