26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCartier ги зголеми цените во Москва за 50 %

Cartier ги зголеми цените во Москва за 50 %

cartier1

Елитниот продавач на луксузен накит „Cartier“ одлучи да ги зголеми цените на своите производи во Москва од 40 до 50 проценти, поради падот на курсот на рубљата.

За да го прилагоди ценовникот, „Cartier“ ги затвори своите продавници во Москва, објави Блумберг.

Според информациите на сајтот на компанијата „Cartier“ во Москва има три продавници, а во Русија вкупно пет.

Вработена во една продавница во Москва, потврди за агенцијата Тас, дека цените на накитот се зголемени, но не можела да каже колку. Таа додала дека продавницата не е затворена и дека работи вообичаено.

Претходно и американскиот технолошки гигант „Apple“ соопшти дека ќе ја стопира онлајн продажбата на своите производи во Русија, со цел да бидат утврдени нивните цени, бидејќи вредноста на рубљата е премногу колеблива, јави британскиот јавен сервис BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП