21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Долговите надминаа 23 милијарди евра

ЕУ: Долговите надминаа 23 милијарди евра

admiral-evra

Неплатените сметки на ЕУ во 2014 година достигнаа 23,4 милијарди евра, па Европскиот парламент-ЕП се залага за создавање на посебен и детален план за намалување на бројот на неплатени услуги.

Европскиот парламент го одобри буџетот на ЕУ за 2015 година и средствата за подмирување на најитните годишни обврски.

Буџетот предвидува 145,3 милијарди евра за обврски и 141,2 милијарди за плаќање, како и дополнителни 4,25 милијарди евра за подмирување на итните финансиски обврски и плаќањето на сметки за 2014 година.

Намалувањето на обемот на неплатени сметки е една од суштинските цели на ЕП, како и плаќањето на најитните сметки на изведувачите кои работат на ЕУ проектите во земјите членки.

На инсистирање на парламентот, Европската комисија треба да го претстави планот за намалување на неплатените побарувања на одржливо ниво.

ЕП сака да го искористи дополнителниот приход од 8,88 милијарди евра (пари добиени од компаниите кои го прекршиле законот за конкуренција на пазарот, па морале да платат казни), за плаќање на заостанатите долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП