19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен трговскиот дефицит на САД

Зголемен трговскиот дефицит на САД

Budget Battle Companies

Трговскиот дефицит на САД е малку зголемен во периодот јули-септември, главно поради тоа што странските институции и платиле помали казни и пенали на Владата во САД.

Американското Министерство за трговија соопшти дека трговскиот дефицит од 98,4 милијарди долари во претходниот квартал, е зголемен за 1,9 проценти на 100,3 милијарди долари.

До зголемување дошло и покрај падот на трговскиот дефицит во размената на стока и услуги, што се одржува со помалите цени на нафтата и силниот долар.

Дефицитот е зголемен затоа што казните кои владата на САД ги наплатила од странските институции се намалиле од 40,1 милијарди долари во претходниот квартал, на 27,8 милијарди долари, што е намалување од 31 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП