13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фич“ предупреди за можно намалување на рејтингот на Италија

„Фич“ предупреди за можно намалување на рејтингот на Италија

 

g_fitch

Американската агенција за кредитен рејтинг „Фич“ предупреди дека политичкиот застој што настана во Италија по овонеделните избори, на кои ниту една партија не освои мнозинство, врши дополнителен притисок на кредитниот рејтинг на земјата.

– Политичкиот застој може да го наруши креирањето на политиката и дополнително да ја загрози веќе ослабената економија, се наведува во соопштението на „Фич“.

Перспективите на долг временскиот период на политичка нестабилност, кои настанаа по парламентарните избори, врши дополнителен притисок на кредитниот рејтинг на Италија, се наведува во соопштението на агенцијата.

„Фич“ претходно ја оцени Италија со кредитен рејтинг „А-“, со негативна прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП