5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda: Како повторно до 300.000 продадени возила во Европа?

Honda: Како повторно до 300.000 продадени возила во Европа?

h hrv 34

По седум последователни години во текот на кои „Honda“ забележа пад на продажбата и профитот во Европа, јапонскиот производител очекува со лансирањето на нови модели и реорганизација на компанијата да ја промени состојбата на европскиот пазар во своја корист.

За разлика од „Toyotа“ и „Nissan“ кои и во време на кризата на автомобилскиот пазар останаа важни играчи во Европа, „Honda“ од 2007-ма ја преполови продажбата во овој дел од светот.

Оптимистичките предвидувања дека нешто ќе се промени, „Honda“ ги заснова на ласнирањето на новиот модел, кросоверот „HR-V“, но и на намалување на трошоците преку укинување на работни места во погонот во Велика Британија, што би допринело европскиот дел на компанијата повторно да биде профитабилен.

„Неколку години чекавме на нов модел и тој конечно пристигна“, изјави шефот за продажба на „Hondа“ во Европа, Филип Рос, најавувајќи го новиот „HR-V“.

„Honda HR-V“ ќе пристигне во европските продажни салони во 2015-та година. Компанијата очекува дека овој кросовер ќе привлече нови купувачи, особено младите.

„HR-V“ ќе се натпреварува во многу конкурентниот автомобилски сегмент кој е во пораст. Се прогнозира дека бројот на продадени кросовери двојно ќе се зголеми до 2020-та, кога на купувачите во Европа ќе им бидат испорачани преку 500.000 од овие возила.

Honda“ не се осудува да ги објави предвидувањата за продажбата на моделот „HR-V“ во Европа, но од „IHS Automotive“ проценуваат дека во 2016-та на европскиот пазар ќе бидат испорачани околу 30.000 единици, што „HR-V“ ќе го смести на третото место меѓу најпродаваните автомобили на „Hondа“ зад моделите „CR-V“ и „Civic“.

Во 2013-та година, јапонскиот производител продаде 139.712 aвтомобили во Европа, со пазарен удел од 1.1 отсто. За споредба, „Honda“ во 2007-ма на европските купувачи им продаде рекордни 313.484 возила и имаше двојно поголем пазарен удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП