30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгро форум: Да се инвестира похрабро во земјоделството

Агро форум: Да се инвестира похрабро во земјоделството

agro-630x289

Во земјоделството треба да се инвестира похрабро, да се вложи во модерна технологија, знаење и примена на најдобри практики. Македонија од овој аспект има многу успешни приказни, а потенцијалот е огромен, беше речено денеска на Агро бизнис форумот што го организира ПроКредит банка.

На форумот беа соопштени и годинашните најпроактивни земјоделци ­ „Ди­Ем“ ­ Гевгелија и „Канет агро“ ­ оранжерии.

Сите велат дека кредитите во земјоделството се најризични, но нашето исуство покажа дека ова портфолио е најквалитетно. Има помал процент на доцнење од другите, класични бизниси. Затоа, сме подготвени и со голем ентузијазам ги кредитираме проектите во земјоделството, изјави Емилија Спровска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка.

Според неа, успешен претприемач, вклучувајќи го и оној од секторот аграр, знае да менаџира со своите финансии, константно инвестира во едукација и знаење, се труди да ги намали производните трошоци, да ги зголеми продуктивноста и ефикасноста. Храбар е и има визија за натамшен развој, воедно и доволно претпазлив да не преземе ризици по секоја цена.

Бизнисмените сметаат дека банките денес се поотворени во однос на одобрувањето кредити од порано.

За развој на бизнисот е исклучително важно да има поволни кредитни линии особено ако обртот на капиталот, над 360 дена. Без поддршка, со сопствени средства, тешко може планираното да се исфинансира. Банките сега се поотворени од порано, рече Ѓорѓи Атанасов, еден од соптствениците на „Ди ­ Ем“ ­ Гевгелија.

Адем Кочан од „Канет агро“ смета дека нема бизнис без кредит.

Без кредит нема развој. И за отворање најмало дуќанче, потребен е заем. Тоа е основа за успех, посочи Кочан кој девет години се занимава со оранжериско производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој се обрати на форумот, напомена дека државата планира креирање гарантен фонд кој ќе застане зад земјоделците при земањето кредити од банките.

За да одобрат кредит, банките бараат хипотека, но вредноста на објектите и површините со кои располагаат земјоделците не се доволна гаранција. Од тие причини не можат да користат банкарски средства, средства од ИПАРД програмата, поддршка од Платежната агенција во вид на кофинансирање. Проектите најпрво треба да се завршат за што, пак е неопходно предфинансирање. Дури потоа се одобруваат средствата, нагласи Цветков.

ПроКредит банка досега има пласирано преку 65 милиони евра во земјоделството. Трет пат ја организира манифестацијата Агро форум, а награда за најпроактивните земјоделци е обезбедување учество на Саемот за земјделство во Берлин, еден од најголемите во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП