27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија профитира од падот на нафтата

Јапонија профитира од падот на нафтата

japonija546464

Трговскиот дефицит на Јапонија во ноември е намален за една третина на годишно ниво, благодарение на поголемиот извоз и помалите трошоци за увоз на енергија.

Трговскиот дефицит на Јапонија во ноември се намали на 891,9 милијарди јени (7,6 милијарди долари), што е за 31,5 проценти помалку во однос на истиот период минатата година и под средната прогноза на аналитичарите од 996 милијарди јени, се наведува во соопштението на јапонското министерство за финансии, пренесува агенцијата Франс прес.

Вредноста на извозот порасна во ноември за 4,9 проценти, благодарени на поголемите испораки на електронски делови, оптичка опрема и машини, додека увозот се намали за 1,7 проценти, бидејќи цените на увезената сирова нафта и бензинот се намалија.

Високите енергетски трошоци тешко ја погодуваат економијата на Јапонија, која од нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, поради која беше принудена да ги исклучи нуклеарните реактори, на сите можни начини настојува да го надокнади недостатокот на енергија.

„Ноемврискиот пад на трговскиот дефицит би требало да биде проследен со понатамошен пад во наредните месеци, бидејќи ниските цени на нафтата ќе ги намалат државните трошоци за увоз“, изјави економистот од компанијата „Capital Economics“, Марсел Телијан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП