
Американскиот претседател Барак Обама го потпиша Законот за буџет во износ од 1.100 милијарди долари кој ќе овозможи функционирање на Владата во наредните девет месеци.


Американскиот претседател Барак Обама го потпиша Законот за буџет во износ од 1.100 милијарди долари кој ќе овозможи функционирање на Владата во наредните девет месеци.
Усвоениот буџет е резултат на двопартискиот компромис кој ги разлути и либералите и конзервативците, но благодарени на него е избегнат колапсот на Владата и одложени се партиските конфликти околу имиграцијата за наредната година, пренесува агенцијата Франс прес.
Од тој буџет до септември 2015 година ќе се финансираат најголем дел од активностите на федералната влада и федералните служби, а одделни служби, сепак, ќе добијат само краткорочни средства.
По повод несогласувањето во врска со буџетот, Обама претходно го поздрави компромисот кој е постигнат во Конгресот, изјавувајќи дека тоа е последица на заедничката работа на „двете страни“ иако многу претставници на Демократската партија беа против предлог-буџетот, пренесуваат агенциите.