1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на вредноста на рубљата по повеќемесечниот пад

Раст на вредноста на рубљата по повеќемесечниот пад

rublja 334

По вчерашната рекорден пад на вредноста на рубљата, од утрово руската национална валута покажува знаци на опоравување, објави „Раша тудеј“.

Рубљата претпладнево забележи раст во однос на доларот и еврото, по вчерашното рекордно намалување на нејзината вредност за цели 20 проценти.

Едно евро денеска се менува за 81,61 рубљи, за разлика од синоќешните 85,15. Американскиот долар пак чини 65,15 рубљи, додека синоќа се менуваше за 67,88 руски валути.

Растот на вредноста на рубљата следи по вчерашната одлука на централната Банка на Русија за зголемување на висината на основната каматна стапка од 10,5 на дури 17 проценти, во обид да ја зајакне националната валута и да ја спаси домашната економија, која е сериозно погодена од налаувањето на цената на нафтата на светските берзи и од западните санкции кон Москва.

Зголемувањето на руската основна каматна стапка за неверојатни 6,5 индексни поени, уследи по неуспешната интервенција на Банката на Русија во понеделникот, кога на девизниот пазар беа пуштени во оптек две милијарди долари. За споредба, во текот на цел ноември руската централна Банка на девизниот пазар интервенираше со 774 милиони долари.

Сепак, лоша вест за руската рубља би можеле да бидат информациите за понатамошно поевтинување на нафтата на азиските берзи.

Според експертите, на повеќемесчниот пад на вредноста на рубљата, која оваа година ослабна за 50 отсто во однос на конкурентските валути, влијаела и претходната одлука на централната Банка за напуштање на долгогодишната политика на строга регулација на вредноста на националата валута.

Во моментов, вредноста на рубљата е на ниво на кое беше во време на најтешкиот удар на глобалната финансиска криза во 2008 година.

Но, и покрај ова Банката на Русија и натаму одбива да преземе посторги мерки на регулација на рубљата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП