20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави производната активност во Кина

Забави производната активност во Кина

nikefactorychina446465

Производната активност во Кина забави во декември на најниското ниво во последните седум месеци, укажувајќи на слабостите на втората по големина светска економија, покажаа вчера податоците на британската банка HSBC.

Прелиминарниот индес на менаџерите за набавка (ПМИ) за декември се намали на 49,5 од 50 поени во ноември, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности, наведува банката, пренесува агенцијата Франс прес.

Декемврискиот резултат е најслаб од месец мај, кога ПМИ изнесуваше 49,4 поени. Индексот ја мери активноста на кинеските фабрики и работилници и е тесно следен индикатор за здравјето на кинеската економија, клучниот двигател на глобалниот економски раст.

Кинеската економија во третиот квартал пораснала за 7,3 проценти, по растот од 7,5 проценти во претходниот квартал и тоа е најбавниот раст од 2009 година, во екот на финансиската криза.

Кинеската централна банка минатиот месец ја намали каматната стапка за прв пат во последните две години за да поттикне економски раст, но аналитичарите веруваат дека за зајакнување на економијата се потребни дополнителни чекори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП