16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлигоров: Кина преку Србија и Балканот влегува во Европа

Глигоров: Кина преку Србија и Балканот влегува во Европа

gligorov vladimir 24

Земјите на поранешна СФРЈ можат да очекуваат значајни кинески инвестиции во инфраструктурата и на тој начин Кина ќе влезе на пазарот на ЕУ, вели во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

„Тука нема никакви проблеми. Треба да се земе пред вид дека ЕУ пред се е трговска конструкција, односно трговска сила. Трговските интереси во целина се исти и барем кога се работи за вложувањата во инфраструктурата и пристапот на пазарот, нема да има препреки“, рече Глигоров, оценувајќи дека не може да има спор со Кина кога се работи и за интересот на ЕУ.

Во интервјуто, Глигоров говори за тоа како ќе бидат распределени најавените десет милијарди долари од Кина и како ЕУ гледа на кинеското инвестирање на Балканот и во Европа, јави дописникот на МИА од Прага.

Според него, важно е да се почитуваат принципите на конкуренцијата кои важат во ЕУ, а во врска со доделувањето на кредитите и трговските релации.

„Можеби фактот дека Кинезите главно се интересираат за вложувања каде тие се и инвеститори и изведувачи, во случаите кога се оди без тендер, може да биде проблем со прописите на ЕУ“, додава Глигоров, кој смета дека заедничкиот интерес ќе ги натера двете страни да најдат заеднички јазик.

Глигоров оцени дека главната цел на Кина е пласирање на нејзината стока на пазарите на Европа и таа нема политички мотиви и интереси, а Балканот има транзитна улога.

„Голем број балкански земји, на еден или друг начин се транзитни земји, така што се интересни за кинеските инвеститори“, вели Глигоров, предупредувајќи дека единствен проблем е внатрешната балканска инфраструктура која не е интересна за Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП