29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка

Македонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка

samit srbija 509

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина потпишаа договор за заемна царинска соработка. Договорот го потпишаа денеска во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа.

Договорот предвидува царините на сите четири земји да соработуваат во делот на размена на информации и документи, како и да се признава царинењето и постапката од другите царини и да ја продлабочи соработката.

Целта на документот е да се поддржи регионалната и меѓународната трговија и да се создаде позитивна клима за стопанствата и граѓаните за да можат полесно да патуваат и да пренесуваат стоки и на тој начин да се намалат трошоците.

Беше презентирана и идејата и проектот за изградба на брза пруга која би одела од Грција преку Македонија до Србија и Унгарија.

„Се работи за еден значаен и крупен проект што може да има позитивно влијание врз економскиот развој на Република Македонија и од тој аспеккт го побуди нашиот интерес. Со оглед на тоа што недостасуваат информации за моделот и начинот на финасирање, финасиската конструкција и какво ќе биде учеството на кинеската страна и на земјите што учествуваат останува да ги добиеме тие информации, а потоа ќе направиме анализи и соодветно ќе ја искажеме нашата позиција“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на договорот во рамките на средбата три плус еден меѓу премиерите на НР Кина, Македонија, Србија и Унгарија во рамките на Самитот меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа што вчера и денеска се одржува во Белград, Србија.

Ставрески оцени дека станува збор за крупен и значаен проект за регионот кој има добар потенцијал да го помогне економскиот развој на Македонија и на сите земји во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП