8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛи: Кина подготвена да ги зголеми инвестициите во ЦИЕ

Ли: Кина подготвена да ги зголеми инвестициите во ЦИЕ

kin srb

Кинескиот премиер Ли Кечијанг синоќа истакна дека Кина е подготвена да ги зголеми инвестициите во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и додаде дека соработката на Кина со овие држави е дел од соработката со Европската унија.

Тој на прес­конференција заедно со српскиот премиер Александар Вучиќ, по самитот во Белград, истакна дека присутните лидери потенцирале оти соработката со Кина има голем потенцијал.

„Соработката на Кина со регионот на ЦИЕ е во согласност со процесот на европска интеграција и правните рамки на ЕУ“, додаде Ли.

Тој порача дека Кина може да понуди опрема и финансиска поддршка во изградбата на инфраструктурата и оти тоа може да и помогне на Европа во воспоставувањето на единствен пазар и да го олесни проширувањето на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП