Европската унија ќе ги забрани сите инвестиции на Крим со цел да го зголеми притисокот врз официјална Москва и да покаже дека тоа прашање не е заборавено.
„Извозот на европската стока и производи кои се користат во транспортниот, телекомуникацискиот, енергетскиот, нафтeниот и гасниот сектор на Крим, ќе биде запрен, додека учеството на европските компании во туристичкиот сектор на овој полуостров исто така ќе биде забрането“, изјави денес еден неименуван европски дипломат.
Европската унија споменатите мерки би требало официјално да ги усвои во четврток кога европските лидери ќе се сретнат во Брисел на редовниот самит.
„Не го заборавивме проблемот со Крим, иако во нашиот фокус беа судирите во источниот дел на Украина“, додаде неименуваниот извор.