18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската лира на нов историски минимум

Турската лира на нов историски минимум

turkishliracoins1

Турската национална валута лира вчера падна на ново најниско ниво во историјата, бидејќи инвеститорите започнаа да се повлекуваат од овој растечки пазар поради колапсот на руската рубља и минатонеделното апсење на опозициските новинари во Турција.

Лирата вчера се намали на рекордно ниско ниво од 2,41 лири за еден долар во однос на најниското ниво од понеделникот од 2,39 лири за еден долар, додека во однос на еврото лирата ослаби на 3,03 лири за евро, надминувајќи ја психолошката граница од 3,0 лири, пренесува агенцијата Франс прес.

Ваква ниска вредност на турската лира последен пат е регистрирана на крајот на јануари оваа година, кога Турција беше на работ на валутната криза, која беше избегната благодарение на централната банка и зголемувањето на референтната каматна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП