21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување во Куманово

Саем за вработување во Куманово

132391780

Агенцијата за вработување денеска во Куманово организира Саем за вработување, на кој компании од различни дејности ќе ги претстават профилите што им се потребни за работа.

Саемот ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и ќе трае од 10 до 15 часот, а на него невработените лица ќе имаат можност да остварат почетни контакти со потенцијалните работодавачи.

Саемот во Куманово е продолжение на активностите што Агенцијата за вработување ги реализираше изминатиот период за организирање директни контакти на работодавачите со лицата кои бараат работа.

Досега вакви саеми се одржаа Скопје, Штип, Неготино, Струмица, Охрид и Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП