21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгромен пад на вредноста на рубљата

Огромен пад на вредноста на рубљата

rubljijfkheiry3489

Руската рубља денес забележа пад во однос на американскиот долар во опсег од 20 до 26 проценти, бидејќи инвеститорите масовно ја напуштаат руската валута.

Доларот во моментов вреди 77,25 рубљи, што е за 12,8 рубљи повеќе во однос на вчерашниот ден, додека едно евро изнесува 97 рубљи. Во еден момент доларот достигна вредност од 80,10 рубљи, а еврото 100,74 рубљи.

Централната банка засега не презема никакви интервенции, пренесува агенцијата Спутник.

Централната банка на Русија претходно ја зголеми основната каматна стапка од 10,5 проценти на 17 проценти за да го ограничи ризикот од слабеење на рубљата и растот на инфлацијата.

Рубљата во текот на вчерашниот ден ослаби најмногу во еден ден во последните 16 години, така што се здоби со статусот најлоша валута во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП