5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСедумте кандидати за титулата „Автомобил на годината“

Седумте кандидати за титулата „Автомобил на годината“

car godina

Листата на кандидати за титулата „Автомобил на годината 2015-та“ (Car of the Year 2015), која традиционално се доделува на женевскиот авто-саем, намалена е од 34 на 7 модели.

Жирито составено од 58 специјализирани новинари од европски авто-магазини донесоа одлука во потесниот круг да влезат: „BMW Serieѕ 2 Active Tourer“, „Citroen C4 Cactus“, „Ford Mondeo“, Mercedes C Сlasѕ“, „Nissan Qashqai“, „Renault Twingo“ и „Volkswagen Passat“.

Право на учество во изборот за најдобар автомобил на европскиот пазар имаа сите модели кои се претставени во периодот од септември 2013-та до септември 2014-та година.

Дополнителен услов беше моделот во моментот на номинацијата, во септември 2014-та, веќе да се најде во продажба или да започне да се продава до крајот на година во најмалку пет европски земји, како и неговата минимална годишна продажба да изнесува 5.000 единици.

Претходниот победник во изборот на „Автомобил на годината во Европа“ беше моделот „Peugeot 308“.

Кој од овие седум автомобили според вашето мислење ја заслужува оваа престижна награда?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП