28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајгледаните реклами на YouTube во 2014-та година (видео)

Најгледаните реклами на YouTube во 2014-та година (видео)

y reklami

Трета година по ред „YouTube“ ја објавува својата листа со најпопуларните рекламни спотови во текот на годината. Рангирањето се изработува на база на информациите колку корисници ги погледнале видеата. Предвид се земаат и факторите, како тоа колку пати им се допаднало или споделувањето на видеото.

Голем дел од клипови кои се наоѓаат на листата, никогаш не биле емитувани во етерот. Се повеќе реклами во светот почнуваат да произведуваат видео записи, кои ќе бидат видени само онлајн.

Во 2012-та година, кога за прв пат „YouTube“ ја објави својата листа со најпопуларни реклами, повеќето од нив беа или телевизиски или за „Супер Боул“ кампањи, кои наскоро требаше да го заживеат свој живот во етерот.

Иако и оваа година три од најгледните рекламни спотови, се поврзани со Светското првенство во фудбал или „Супер Боул“, повеќе од половината реклами, меѓу кои и оние на брендовите како „Heineken“, „Budweiser“, „Always“ и „Duracell“, не се создадени за емитување во традиционалните медиуми.

Телевизиските спотови обично се со должина помеѓу 15 и 60 секунди, додека промотивното видео на „YouTube“ често надминува една минута. Сепак, податоците покажуваат дека Топ 10 рекламите за 2014-та го задржале вниманието на потрошувачите. Луѓето имаат поминато 54% повеќе време за да ги погледнат овогодинешните присутни во листата, отколку што одвоиле за минатогодишните. Десетте рекламни спотови во рангирањето имаат вкупно 425 милиони прегледи, што претставува зголемување од 112% во споредба со оние од 2012-та година.

Листата на Топ 10 најгледани реклами на „YouTube“ за 2014 година:

1. Nike – “Winner Stays”

2. Nike – “The Last Game”

3. Budweiser – “Puppy Love”

4. Always – “#LikeAGirl”

5. Devil’s Due – “Baby Attack”

6. Duracell – “Trust Your Power”

7. Samsung Galaxy Note 4 – “Then and Now”

8. Procter & Gamble – “Thank You, Mom”

9. Budweiser – “Friends Are Waiting”

10. Heineken – “The Payphone”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП