5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗбогум на мртвите агли! (видео)

Збогум на мртвите агли! (видео)

lad tehno

Компанијата „Jaguar Land Rover“ претстави нова технологија со чија помош возачите можат да „погледнат“ низ покривните носачи на автомобилот. Новиот систем ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот, затоа што пешаците и автомобилите повеќе нема да може да се сокријат во некој од мртвите агли.

Производителите на автомобили на различни начини се обидуваат да го решат проблемот со ограничената видливост на возачот.

Во последно време се повеќе модели се опремени со безбедносни системи кои вклучуваат сензори, камери, радари, кои го предупредуваат возачот за доближување на пешак или на некоја друга препрека на патот.

„Jaguar Land Rover“ ја разви технологијата „360 Virtual Urban Windscreen“ која му овозможува на возачот да го види патот пред себе.

Компанијата не стори да ги нема столбовите, ниту навистина да станат проѕирни, но со помош на надворешни камери му овозможи на возачот преку слика која се проектира на внатрешноста на покривните носачи („A“ и „B“ столбовите), да види што се случува надвор, низ нив.

lad tehno1

На тој начин, возачот има време да ги здогледа пешаците, велосипедистите или другите автомобили, кои инаку неможат да се видат преку столбот, па со тоа се намалува опасноста од сообраќајна незгода.

Исто така, покривните носачи стануваат транспарентни и кога возачот на раскрсница користи трепкач, па немора да ја движи главата на левата или десната страна, за да види од станите дали доаѓа некое друго возило.

„Jaguar Land Rover“ претстави на концептот „Discovery Vision“ слична технологија со чија помош возачот може низ хаубата да го „види“ теренот или патот по кој се движи.

Компанијата разви и систем за навигација, „Follow-Me“ со виртуелен автомобил кој се појавува на шофершајбната и чие движење возачот го следи за да пристигне до посакуваното место.

Погледнете ја демонстрацијата на новите безбедносни технологии кои ги разви „Jaguar Land Rover“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП