26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Невраќањето на кредитите би било самоубиство за Грција

ЕУ: Невраќањето на кредитите би било самоубиство за Грција

grcija evro

Евентуалната одлука на Атина да одбие да ги враќа кредитите добиени во рамките на пакетот­помош би било самоубиствена идеја за Грција, изјави еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси.

Изјавата на Московиси претставува директна порака до грчката опозициска Коалиција на радикалнта левица (Сириза), која заговара ваква идеја.

Идејата за разгледување на можноста за невраќање на огромниот долг е самоубуствена.

Тоа едноставно е невозможно, бидејќи земјата ќе заврши со банкрот, нешто што веќе со години се обидуваме да го спречиме, изјави Московиси.

Тој порача дека се потребни структурни реформи и тоа не само во Грција, туку и во сите членки на еврозоната, додавајќи дека би било штета ако Атина не продолжи со започнатите реформи.

Сириза тврди дека досега спроведените реформи и мерки за штедење доживеале неуспех и дека Грција и натаму има неодржлив товар од долговите, кои не е во можност целосно да им ги врати на кредиторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП