4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестиција на „Тосама трејд“ во економската зона Марино Кадино

Инвестиција на „Тосама трејд“ во економската зона Марино Кадино

tosama-trejd-marino-kadino

Компанијата за санитетски материјали за медицински цели „Тосама Трејд“ постави камен темелник за изградба на деловен магацински објект на површина од 1.000 метри квадратни во локалната економска зона Марино Кадино во Општина Илинден.

Вредноста на инвестицијата, според проценката на „Тосама Трејд“, ќе изнесува над 500.000 евра, а објектот треба да биде готов напролет.

„Тосама трејд“ досега вршеше само дистрибуција на производите на словенечкиот партнер во Македонија „Тосама“, меѓутоа со своето проширување во новите простории во Општина Илинден бизнис проекцијата опфаќа почнување со производство, односно доработка на производите, стерилизација и пакување, со лиценца на брендот што го претставуваат.

Затоа што поволностите кои Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите се одлични, заедно со словенечките партнери решивме да се прошириме и тука да изградиме сопствен објект, изјави сопственичката на „Тосама Трејд“, Стојна Симоновска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП