19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 проблеми во кои ќе ви помогне јаболковиот оцет

5 проблеми во кои ќе ви помогне јаболковиот оцет

boximage (29)

Јаболковиот оцет има бројни позитивни својства, лековит е, а може да ви послужи и како сојузник во разубавувањето…

Првут

Појавата на првут може да предизвика непријатни симптоми, но вие можете да го отстраните со помош на јаболковиот оцет. По шампонирањето, нанесете на косата мешавина од еднакви делови од јаболков оцет и вода и оставете да отстои десет минути, а потоа измијте ја косата. Правете ја оваа постапка неколку пати неделно додека не забележите подобрување.

Брадавици

Ок, никој не сака да зборува за нив, но еве како да се ослободите од нив. Потопете стапче за уши во јаболков оцет а потоа ставете го на брадавицата. Потоа замотајте го местото со кујнска фолија и оставете го преку ноќта (ако е можно). Правете го ова неколку дена додека не забележите резултати.

Воспалено грло

Медот и топлата вода се добра комбинација, а ако додадете и малку јаболков оцет ќе добиете идеален третман за вашето грло. Оцетот има антибактериски својства и помага во исфрлувањето на секретот.

Икање

Една лажица од јаболковиот оцет е доволна за да го запре досадното икање.

За убава кожа

Разблажете јаболков оцет во вода (размер 1:2) и натапкајте го лицето со памук, ова ќе делува како потполно природен тоник. Не се грижете, мирисот на оцет ќе исчезне кога лицето ќе се исуши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП