6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто велат прогнозите на Централната банка на Русија?

Што велат прогнозите на Централната банка на Русија?

rusijacentralbank41584

Економијата на Русија веројатно ќе забележи негативен економски раст во првиот квартал од наредната година и можеби пад од околу 4,5 проценти во цела 2015 година.

Тоа е прогнозата при просечната цена на нафтата од 60 долари за барел, објави Централната банка на Русија.

Во соопштението на централната банка исто така се наведува дека одливот на капитал од Русија во четвртиот квартал ќе порасне на нивото од првиот квартал, со прогноза за значителен одлив во наредните три години, пренесува Ројтерс.

Според проценките на централната банка, инфлацијата на почетокот на наредната година би можела да достигне 11,5 проценти, додека одливот на капитал во 2015 година ќе изнесува околу 120 милијарди долари, во 2016 година околу 75 милијарди долари, а во 2017 година околу 55 милијарди долари.

Перспективите на руската економија, како што оценува Ројтерс, значително се влошени од летото, бидејќи падот на цената на нафтата, западните санкции воведени за Москва поради украинската криза и малиот обем на капитални инвестиции ја турнаа земјата кон рецесија.

Како уште една причина за влошување на економската ситуација во Русија, Ројтерс го наведува и падот на рубљата, која во оваа година загуби околу 45 проценти од вредноста во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП