15 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАФази во кариерата низ кои ќе помине секоја жена

Фази во кариерата низ кои ќе помине секоја жена

stk127418rke

Потполно е нормално секоја жена на деловен план да доживее бројни подеми и падови, особено ако се обидува да оствари баланс меѓу кариерата и семејството. Низ фазите кои ги набројуваме ќе помине секоја жена…

Критика

Секоја жена ќе се соочи со низа предизвици во својата кариера, а критиките се само дел од нив. Некој ќе го критикува начинот на кој ја обавувате својата работа, или вашата способност за решавање на проблемот, што може да направи да се обесхрабрите и да се почувствувате инфериорно.

Промени

Повеќето жени ќе бидат во ситуација да посакаат да го променат работното место, областа за работа или едноставно да направат пауза од некоја лична причина, како бременоста. Овие промени, за жал, можат да предизвикаат бројни емотивни промени поради кои жената може да ја загуби желбата за понатамошен напредок во кариерата.

Збунетост

При личниот раст и развој често се менува начинот на кој размислуваме, а не е реткост напредокот на деловен план на жените да им внесе конфузија во животот бидејќи им станува се потешко да остварат баланс меѓу кариерата и семејството. Решавањето на овој проблем некогаш бара повеќе време и енергија.

Враќање на работа

Кога жената ќе одлучи да се врати на работа, може да се случи во тој момент да не знае точно што би сакала да работи, односно во кој правец би сакала да се движи нејзината кариера. Овој период е резервиран за постепено враќање во претходната рутина.

Откритие

Кога жената ќе пронајде нова работа или ќе открие нов начин на учење и исполнување на деловните задачи, тоа значи дека ќе биде задоволна со себе и ќе се чувствува исполнето. Во оваа фаза нејзината досегашна кариера ќе се заокружи.

Јасна слика

Кога жената конечно ќе ги преброди тешкотиите, доаѓа мирната фаза. Таа знае која е, знае што сака и донесува одлични одлуки. Конфузијата исчезнува и ова е моментот кога го постигнува балансот и таа е среќна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП