26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на нафтата ја вознемири и Германија

Падот на нафтата ја вознемири и Германија

deutsche- bundesbank54645

Германската централна банка, Бундесбанк, објави дека ќе ја намали својата прогноза за инфлацијата во Германија за 2015 година ако актуелниот пад на цената на нафтата потрае.

Само десет дена по објавувањето на најновите прогнози за инфлацијата и економскиот раст во Германија за 2015 година, Бундесбанк соопшти дека цената на нафтата од типот „брент“ оттогаш се намалила во просек за 11 проценти под прогнозите, пренесува Ројтерс.

„Ако цените на нафтата се задржат на ниско ниво, проекцијата за стапката на инфлација за претстојната година ќе мора да биде корегирана надолу за 0,4 процентни поени, односно на 1,1 проценти во 2015 година“, се наведува во месечниот извештај на германската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП