17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТркалезна маса за подобрување на конкуреноста на македонските компании

Тркалезна маса за подобрување на конкуреноста на македонските компании

energija-314

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, во соработка Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент, организира тркалезна маса, на која ќе се дискутира за тоа како македонските компании можат да ја подобрат конкурентноста и да промовираат култура на континуирано подобрување преку подобрени практики за управување со енергијата.

Организаторите наведуваат дека подобрувањето на енергетската ефикасност во индустријата е една од најкорисните и најисплатливи мерки на земјите за намалување на зависноста од увоз на енергија, зголемување на економскиот раст, како и намалување на загадувањето на животната средина.

На присутните ќе им се обратат директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, господин Џејмс Стајн, како и претставници од приватниот сектор кои ќе зборуваат за своите искуства во оваа област. На настанот ќе бидат присутни повеќе претставници од бизнис­заедницата, државни институции и меѓународни организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП