20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва збирка раскази од проектот „Создади книга“

Прва збирка раскази од проектот „Создади книга“

kinga evn 35

ЕВН Македонија денеска ја промовираше првата збирка раскази како дел од проектот “Создади книга”. Станува збор за проект од областа на општествената одговорност за поддршка на македонската литература и поттикнување на читањето. Во првата фаза од проектот, корисниците заедно со ЕВН Македонија ќе им помогнат на домашните автори да ги објават своите досега необјавени раскази во нови книги.

Сите корисници кои ќе се пријават за услугата е­фактура, создаваат страници од нова книга.

Наместо ЕВН Македонија да доставува печатени сметки до корисниците, тие ги добиваат по електронска пошта, а хартијата што се заштедува станува дел од книга раскази од македонски автори кои немале можност да ги објават досега.

Благодарение на досегашните корисници на е­фактура, подготвено е првото издание во кое на 135 страни се раскажани 15 раскази од авторите Ана Стојаноска, Дарјан Раденковиќ, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски и Михаил Ренџов.

Авторите Стојаноска, Раденковиќ и Андоновски на промоцијата ја поздравија определбата на ЕВН да ја поттикне македонската литература и читањето.

„Со зголемувањето на бројот на нови пријавени корисници за е­фактура, очекуваме да издадеме и нови збирки од други автори со што македонската литература ќе биде збогатена со нови дела и творештва“, изјави Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија.

Од компанијата истакнуваат дека сите корисници можат да се придружат на акцијата, со тоа што треба да се пријават за е­фактура на веб страната www.evn.mk. Во следниве две недели, сите заинтересирани корисници може да го посетат и „Skopje City Mall“ каде што ќе можат да се пријават за услугата е­фактура без да чекаат ред, информираат од ЕВН Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП