5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ја претстави новата генерација на моделот Q7 (фото)

Audi ја претстави новата генерација на моделот Q7 (фото)

a q7

Покрај новиот дизајн, „Q7“ зa 2015-та има и конструктивни подобрувања, па новата генерација е полесна од актуелниот модел и до 325 kg, во зависност од верзијата и моторот.

Така на пример, „Audi Q7“ со 3.0-литарски „TDI“ има маса од 1.995 ks. Во компанијата објаснуваат дека поради намалувањето на масата на новиот „Q7“, тој е поефикасен и до 26 отсто во споредба со првата генерација на овој модел.

a q71

Благодарејќи на употребата на ултра-црврстиот челик и алуминиумот, конструктивните елементи се полесни за повеќе од 100kg од претходно. Заштеда од 71 kg се остварени на надворешните елементи на панелите на каросеријата кои се изработени од алуминиум.

Во споредба со претходникот, „Audi Q7“ e пократок за 37 mm и потесен за 15 mm, додека висината остана практично иста. Покрај нешто помалите надворешни димензии, автомобилот има повеќе место во кабината.

a q72

Растојанието меѓу предниот и задниот ред на седишта е зголемен за 21 mm. Патниците на предните седишта имаат за 41 mm поголем простор за главата, а оние на задните за 23 mm.

„Audi Q7“ има три реда седишта, при што вториот и третиот ред можат да се преклопуваат. Со сите седум функционални места за седење, зафатнината на багажникот е 295 l, додека во конфигурација со 5 седишта, тој се зголемува на 890 l.

a q73

Со преклопени потпирачи на задните два реда седишта, се добива багажен простор од 2.075 l.

Купувачите можат да одберат меѓу ксенонски, „LED“ или „LED-Matrix“ фарови. Без оглед за која технологија ќе се одлучат, „Q7“ стандардно е опремен со „LED“ дневни светла.

Исто како и новиот „Audi TT“, и „Q7“ има дигитална инструмент табла. Покрај тоа, автомобилот е опремен со новиот мултимедијален систем со екран во форма на таблет и дијагонала од 7 или 8.3 инчи, кој се вовлекува во централната конзола. Покрај тоа, овозможена е поврзаност со смартфон уред со помош на системите „Google Android Auto“ и „Apple CarPlay“.

a q74

Во врвот на понудата се наоѓа премиум „Bose“ аудио систем, а за оние на кои тоа не им е доволно, на располагање е поскапиот „Bang & Olufsen Advanced“ уред со „3D“ звук и 23 звучници со вкупна моќ од 1.920 W.

Палетата на мотори започнува со 3.0 „TDI“ дизел со 272 ks (200 kW) и 600 Nm, кој овозможува автомобилот од 2 тона да забрза до „стотка“ за 6.3 секунди, пред да ги достигне максималните 234 km/h.

a q75

Подоцна ќе биде достапна и послаба верзија со истиот мотор кој ќе произведува 218 ks (160 kW) и 500 Nm.

Купувачите кои преферираат бензинци, можат да ја добијат верзијата со 3.0 „TFSI“ мотор со 333 ks (245 kW) и 440 Nm. Oвој модел од 0 дo 100 km/h стигнува за 6.1 секунди и развива 250 km/h.

a q76

„Audi“ на некои пазари, пред се во Азија и САД, ќе понуди и 2.0 TFSI со 252 ks (185 kW) и 370 Nm.

Најинтересен новитет е воведувањето на „Plug-In“ хибридниот модел „Q7 e-tron quattro“.

Погонскиот систем на оваа верзија се состои од 3.0-литарски турбо-дизел со 258 ks (190 kW) и електричен мотор со 94 kW, кој во комбинација произведува 373 ks (275 kW) и 700 Nm. Тоа воедно е и првиот „Plug-In“ хибрид со дизел мотор на „Audi“. Ако за погон се користи само електромоторот, автомобилот може да помине 56 km.

a q77

„Quattro“ погонот на сите 4 тркала доаѓа како стандард, а овој модел е опремен со осумбрзински типтроник менувач. Во хибриден начин до брзината од 100 km/h стигнува за 6 секунди. Максималната брзина е 225 km/h.

„Audi Q7“ зa 2015-та ќе може најпрво да се нарачува во Германија, напролет, а првите возила ќе им бидат испорачани на купувачите во текот на летото. Почетната цена ќе изнесува околу 61.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП