Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври 2014 година се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 1,2 отсто на годишно ниво.
Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, е повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 4,1 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,3 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 отсто.
Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,9 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,3 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 отсто.