Просечната нето плата во Словенија во октомври изнесувала 1.007 евра, 0,7 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година и 1,3 проценти повеќе во однос на септември, наведува словенечкиот Завод за статистика.
Во вкупниот раст на платите најмногу придонесе јавниот сектор каде платите во октомври се зголемени за 1,4 проценти на годишно ниво, иако приходите во потесниот сектор на државната управа пораснале за само 0,8 проценти, пренесува словенечката агенција СТА.
Во приватниот сектор платите во октомври пораснале за 0,6 проценти на годишно ниво. На месечно ниво, платите во приватниот сектор пораснале за 1,5 проценти, а во државниот 1,0 проценти, додека во државната управа се намалени за 0,3 проценти.
Просечната бруто плата во октомври пораснала за 1,1 проценти на годишно ниво, на 1,544 евра. Највисока просечна плата бележат финансиската и осигурителната индустрија (1.438 евра нето).