21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија може само да сонува силно закрепнување

Јапонија може само да сонува силно закрепнување

japonija546464

Довербата на големите играчи од јапонскиот преработувачки сектор е намалена во три месеци заклучно со декември, покажаа податоците на централната банка на Јапонија.

Тесно следената Танакан анкета на Банката на Јапонија, која опфаќа повеќе од 10.000 компании, покажа дека индексот на довербата на големите компании во преработувачкиот сектор е намален на 12 од 13 поени во кварталот заклучно со септември, пренесува агенцијата Франс прес.

Економистите кои ги интервјуираше водечкиот јапонски деловен весник Никеи очекуваа дека индексот ќе мирува. Довербата меѓу компаниите  надвор од преработувачкиот сектор истовремено порасна на 16 од 13 поени.

„Танакан анкетата покажува дека јапонската економија се стабилизирала во четвртиот квартал, но дека силното закрепнување не е во најава“, смета економистот на компанијата Капитал Економикс во Јапонија, Марсел Тилијен.

Економијата на Јапонија во третиот квартал потонала за 0,5 проценти, по падот од 1,7 проценти во претходните три месеци, со што официјално се најде во рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП