11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројката меѓународни кредитори бара независен орган да собира даноци во Грција

Тројката меѓународни кредитори бара независен орган да собира даноци во Грција

grcija sud

Тројката меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, која периодично ги проверува финансиите на Грција во замена за спасувачките кредити, бара од Владата во Атина да формира независен орган по примерот на американските даночни служби, јавуваат грчки медиуми.

Барањето за создавање таков орган било најавено, откако претставници на кредиторите констатирале големо изостанување во собирањето приходи од даноци во буџетот, што според нив, ја загрозувало буџетската политика на кабинетот.

Приходите од даноците во Грција се пресметуваат околу 33 отсто од БДП на земјата, додека за останатите европски земји тој процент варира од 42 на 49 отсто.

Се смета дека таа разлика од девет проценти, пресметана во пари изнесува 16,5 милијарди евра од БДП и веројатно тоа е износот на неплатените даноци и на невозможноста на одредени слоеви од општеството да ги платат долговите поради високите даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП