7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Уделот на лошите кредити достигна 15,7 проценти

Словенија: Уделот на лошите кредити достигна 15,7 проценти

bankaslosloslo1

За една година Словенија во шест свои банки инвестираше вкупно 3,647 милијарди евра и издаде околу 1,7 милијарди евра гаранции за обврзниците кои ги емитуваше или ќе ги емитува Друштвото за управување со побарувањата на банките „DUTB“ во замена за пренесените ненаплатливи побарувања, наведуваат словенечките медиуми.

Банките во Словенија во првите девет месеци од оваа година остварија 108,2 милиони евра добивка по оданочување, а во истиот период минатата година забележаа загуба поголема од милијарда евра.

Иако нето резервациите и намалувањето на вредноста на имотот во извештајниот период се намалени за повеќе од 70 проценти, во девет месеци тие достигнаа високи 355,4 милиони евра.

Освен тоа, уделот на лошите кредити од почетокот на јануари до крајот на септември порасна за 2,3 процентни поени, на 15,7 проценти.

Во сегментот на претпријатијата уделот на лошите кредити изнесува 23,7 проценти. Тука е и проблемот со лошите инвестиции надвор од Словенија, особено во поранешните југословенски републики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП