18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет: Нафтата ја потопи берзата

Египет: Нафтата ја потопи берзата

Stock market data with downtrend vector. 3d render.

Египетската берза за само еден ден загуби 22 милијарди египетски фунти (2,5 милијарди евра) бидејќи падот на цената на нафтата ја повлече надолу целокупната економија.

Индексот EGKS30 затворен е во недела со пад од 5,23 проценти, со 170 акции кои ја изгубија вредноста, а само пет имале некаков раст на вредноста.

Ваел Зиада, шефот на истражувачката компанија „EFG Hermes“, вели дека падот на вредноста на акциите е предизвикан од острото поевтинување на нафтата чија цена се преполови од крајот на јуни.

Минатиот месец, еден официјален претставник на Меѓународниот монетарен фонд изјави дека економијата на Египет започнала да закрепнува по четирите години почитички немири.

Индексот EGKS30 оваа година, до денешниот пад, порасна за 28,49 проценти.

Владата на Египет која сака да привлече инвестиции, се подготвува во март наредната година за тридневна меѓународна економска конференција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП