16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна откупот на тутунот во Прилеп

Почна откупот на тутунот во Прилеп

tutun123

Прилепскиот тутунски комбинат денеска почна со откупот од годинашната реколта. Дневно ќе се откупуваат од 50 до 60 тони тутун, а парите за исплата на тутунарите се обезбедени.

Раководителот на ДООЕЛ Тутун во Комбинатот Кире Сотиров изјави дека се отворени 12 откупни пункта во градот и населените места.

Во градскиот откуп тутунот се проценува на 25 ваги. Дневната динамика е 50 до 60 тони откупен тутун. Парите за исплата на тутунарите се обезбедени, истакна Сотиров.

Денеска е крајниот законски рок за почеток на откупот на тутунот, а него го откупуваат девет компании.

Тутунот се откупува на 139 пункта во државата од кои 60 проценти се во Пелагониско. Тутунот го преземаат девет откупни компании Тутунски комбинат­Прилеп, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци, Струмица табак, Орбита табак, Пашоски, Центротобако од Велес, Далија од Делчево и Кавекс Балкан. „Алијанса“ од Кавадарци откупот го почна на 11, а „Сокотаб“ на 12 декември. Сите имаат обезбедено пари за откуп. Во спротивно немаше да им биде дозволено да го преземаат родот од кооперантите, изјави претседателот на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија, Данчо Милески.

Треба да се откупат 30.000 тони тутун, што е за 5.000 тони повеќе од договореното.

Треба целиот род да се откупи. Некои компании најавија дека за 10 до 15 проценти ќе откупат повеќе од договореното за да се преземе родот. Годината беше роднна, но со просечен квалитет, посочи Милески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП