23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на нафтата на светските берзи

Раст на цените на нафтата на светските берзи

nafta 93939

Цените на нафтата на светските берзи денеска забелажаа пораст за околу половина долар, како резултат на објавените податоци за позитивни глобални резултати во преработувачкиот сектор.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во јануари на електронските тргувања на Њујоршката берза претпладнево се продава за 58,3 долари, што претставува раст за 49 центи во однос на петокот.

Во исто време, цената на северноморскиот „брент“ за јануарска испорака на Берзата во Лондон се зголеми на 68 центи на 62,53 долари за барел.

Аналитичарот на сингапурската компанија „Филип Фјучерс“, Даниел Анг наведува дека позитивните податоци за сосотјбата во преработувачкиот сектор, би можеле да спречат нов пад на цената на нафтата во текот на оваа седмица.

„Голем дел од нафтата се употребува во индустријата, па позитивните податоци за овој сектор можат да бидат добар показатал за побарувачката на нафтата“, вели Анг.

Сепак, и покрај денешниот раст, цените на нафатата и натаму се близу петгодишниот минимум, имајќи предвид дека од јуни, кога се движеа меѓу 106 и 115 долари за барел, па досега, вредноста на енергенсот се намали за над 50 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП