21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМасовно укинување на работните места во AvtoVAZ

Масовно укинување на работните места во AvtoVAZ

Car Production At The AvtoVAZ Factory

Стотици вработени во водечкиот руски производител на автомобили „AvtoVAZ“ демонстрираа против масовното укинување на работните места кое е во тек.

Работниците во рускиот автогигант, со кој управува групацијата „Renault-Nissan“, се заканија со штрајк за време на протестите во недела, вели извор од синдикaтот.

На митингот, одржан напладне во Тољати, главниот град на руската автомобилска индустрија на обалата на реката Волга, се собраа околу 600 лица, изјави Пјотр Золотарев, претседател на синдикатот „Единство“.

Учесниците бараа престанок на големите отпуштања, поголеми плати и одлучија да започнат со припремите за штрајк, изјави лидерот на синдикатот.

Од стапувањето на функцијата на почетокот на годината, директорот на „Avtovaz“, швеѓанецот Бо Андерсон, одлучи да го забрза намалувањето на бројот на вработени во текот на неколку години за некогашниот производител на „Lada“ да стане профитабилен.

Групацијата „Renault-Nissan“ која контролата над „AvtoVAZ“ ја презема во јуни минатата година, трпи големи штети и поради економските проблеми на Русија, со зголемувањето на санкциите на Западот против Москва поради кризата во Украина.

Продажбата на автомобили за единаесет месеци оваа година е намалена за 16 проценти во однос на истиот период 2013 година.

Золотарев изјави дека по укинувањето на 13.000 работни места оваа година, преостанале уште 51.000 вработени.

Андерсон, поранешниот извршен директор на американскиот „General Motors“, во петокот најави дека сите вработени оваа година ќе добијат бонуси од вкупно 290 милиони рубљи (четири милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП