5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА93 проценти шанси за банкрот на Венецуела

93 проценти шанси за банкрот на Венецуела

venecuela-money

Венецуела го зазема срамното прво место кога станува збор за количината на пари кои инвеститорите мораат да ја платат за да би се обезбедиле од евентуалното пропаѓање на обврзниците.

Односно ако нацијата се најде во ситуација во која повеќе не може да ги сервисира долговите.

За осигурување на венецуелските обврзници кои се издаваат на пет години а вредат 10 милиони долари, инвеститорите мораат однапред да платат 5,9 милиони, плус половина милион на година.

Уште летоска, пред глобалниот пад на цените на нафтата, износот на осигурувањето во случај на банкрот изнесувал 894,000 долари.

Брокерите за државните обврзници речиси се сигурни дека Венецуела ќе банкротира поради падот на цените на нафтата, јавува Блумберг. Според нивната оценка, веројатноста дека нацијата во наредните месеци ќе заврши во банкрот изнесува 93 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП