18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на главниот индекс на Берзата во Токио

Пад на главниот индекс на Берзата во Токио

kompanii berza

Берзата во Токио денеска ја започна работата со неочекуван пад на вредноста на нејзиниот главен индекс и покрај убедливата победа на партијата на јапонскиот прмиер Шинзо Абе на вчерашните вонредни парламентрани избори во Јапонија.

Вредноста на индексот Никеј­225 денеска се намали за 260 индексни поени, односно за 1,5 проценти, достигнувајќи вредност од 17.111 поени.

Аналиитчарите оценуваат дека ваквиот пад на акциите на Токиската берза се должи на намалувањето на вредноста на американскиот долар во однос на јенот, како и на петочниот пад на индексите на Волстрит, предизвикан од поевтинувањето на нафтата.

Еден американски долари денеска во Токио се менува за помалку од 118 јени.

Во третиот квартал од оваа година Јапонија повторно западна во рацесија и покрај мерките на Владата за поддршка на бизнисот и за пофлексибилна монетарна политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП