23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмени од Македонија и Албанија ќе ја зајакнуваат соработката

Бизнисмени од Македонија и Албанија ќе ја зајакнуваат соработката

sorabotka1

Сојузот на стопански комори на Македонија организира деловен појадок на тема „Подобрување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија“ што ќе се одржи денеска во Тетово.

На појадокот ќе присуствуваат над 100 компании членки на ССК од повеќе сектори, како и делегација бизнисмени од Албанија.

На средбата ќе се обратат министерот за економија Беким Незири, министерот советник во делегацијата на ЕУ Робет Лидл и претседателот на ССК Данела Арсовска.

Целта е да се подобри соработката и комуникацијата меѓу бизнис секторот со локалната и централната власт, во насока на заедничко креирање и подобрување на условите за водење бизнис. На деловниот појадок ќе се дискутира за конкретни теми преку веќе подготвени предлог политики на неколку теми.

Активноста се реализира со поддршка на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија во рамки на проектот „Подобрувње на бизнис соработката во прекуграничниот регион“ имплементиран од страна на ССК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП