24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMилионски јубилеј во класата на Golf

Mилионски јубилеј во класата на Golf

vw golf sportsvan 1m

Во фабриката на „Volkswagen“ во Волсбург од производната лента излезе милионитото возило од моделот „Golf Sportsvan“ и претходникот „Golf Plus“.

Станува збор за автомобил со 2.0 TDI „BlueMotion Technology“ мотор со моќност од 110 kW/150KS „Habanero“ портокалова металик боја со линија на опрема „Highline“.

Sportsvan“ се произведува исклучиво во фабриката во Волсбург.

„Овој атрактивен автомобил покрај „Golf“, „Tiguan“ и „Touran“ е четвртиот успешен модел кој доаѓа од оваа наша фабрика. Наградата „Златен волан“ за 2014-та година претставува заслужена пофалба за сите работници во нашата фабрика“, вели директорот на фабриката, Јенс Херман.

„Golf Plus/Golf Sportsvan“ од самиот почеток од 2004-та претставува голем успех. Главниот пазар на ова компактно возило е Германија, пред Франција и Италија. Најомилен мотор меѓу купувачите е „TSI“ со моќ од 92 kW/125KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП