17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Премиерот Ренци за поостри санкции против корупцијата

Италија: Премиерот Ренци за поостри санкции против корупцијата

mateorenci54654

Италијанскиот премиер Матео Ренци синоќа предложи поостри санкции против корупцијата во момент кога во Рим трае истрагата за групата политичари осомничени за врски со мафијата.

Италијанската Влада сака да ги продолжи минималните и максималните казни за корупција за две години, на шест и десет години.

„Овие мерки ќе бидат вметнати во нацрт­законот што Парламентот веќе ги разгледува, а тоа исто така ќе олесни конфискување пари и имот од оние кои се осудени за корупција“, рече Ренци.

Минатата недела по налог на обвинителството во Рим се уапсени 37 лица, додека десетици се под истрага, вклучувајќи го поранешниот градоначалник на Рим, поради вмешаност во мрежа на корупција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП