6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏенерал Моторс ќе инвестира 5 милијарди долари во Мексико

Џенерал Моторс ќе инвестира 5 милијарди долари во Мексико

General Motors

Американскиот производител на возила „Џенерал Моторс“ ќе инвестира пет милијарди долари во Мексико со цел двојно да го зголеми својот производен капацитет во фабриките во оваа земја, вели мексиканскиот Министер за економија, Илдефонсо Гујардо.

Од таа сума, 1.4 милијарди долари се веќе ангажирани, а останатите 3.6 милијарди долари ќе бидат вложени до крајот на 2018-та, прецизираше генералниот директор на мексиканската филијала на „ЏМ“, Ернесто Хернандез, додавајќи дека благодарејќи на таа инвестиција ќе бидат отворени уште 5.600 работни места.

Овој производител на автомобили во Мексико располга со четири погони.

Според податоците на Здружението на автомобилската индустрија, од јануари до ноември во оваа година, производството на возила во Мексико е зголемено за 8.7 проценти во однос на истиот период од минатата година, додека извозот забележа раст од 8.2 отсто.

Во истиот период, мексиканската филијала на „ЏМ“ го има зголемено производството за 5 отсто, а извозот за 5.6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП