18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Кипар повторно на берзата

Банката на Кипар повторно на берзата

N

Акциите на кипарската банка, Банката на Кипар, од 16 декември повторно ќе се најдат на берзата, по паузата од 21. месец.

Тоа е уште еден показател за стабилизацијата на кипарскиот финансиски сектор.

Берзата во Никозија наведува дека од 16. декември  на продажба ќе бидат понудени 8,9 милијарди акции на Банката на Кипар по почетна цена од 0,24 евра за акција, пренесува агенцијата АП.

Тргувањето со акциите на банката беше прекинато во време кога Кипар со меѓународните кредитори постигна договор за пакетот помош вреден 10 милијарди евра, кој вклучуваше замрзнување на депозитите во кипарските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП